Технолошко-металуршкиот факултет е водечка високообразовна и научно-истражувачка институција во областа на хемиското, технолошкото и металуршкото инженерство.
Факултетот нуди современи студиски програми, силна научна дејност и тесна соработка со индустријата.
10000+
Дипломирани студенти
60+
Години традиција
11+
Студиски програми
30+
Современи лаборатории
Повеќе од 60 години академска извонредност
Технолошко-металуршкиот факултет претставува еден од носечките столбови на инженерското образование во Република Северна Македонија. Со силен фокус на наука, истражување и примена на современи технологии, факултетот подготвува високообразовани кадри подготвени за индустријата и академијата. Како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студентите на факултетот се активни учесници во академската заедница и во работата на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје
Академски области и активности

Додипломски студии
Современи додипломски програми од областа н хемиското, металуршкото, материјалното и технолошк, усогласени со европските стандарди.

Магистерски и докторски студии
Напредни студиски програми насочени кон научно-истражувачка работа, иновации и развој на високо квалификуван инженерски кадар.

Научно-истражувачка работа
Активно учество во национални и меѓународни истражувачки проекти во соработка со академски и индустриски
партнери.

Соработка со индустријата
Практична настава, стручни пракси и заеднички проекти со компании од хемиската, металуршката и преработувачката индустрија.

Меѓународна соработка
Еразмус+ мобилности, билатерални договори и партнерства со универзитети и институти од Европа и светот.

Лаборатории и опрема
Модерно опремени лаборатории за наставни и истражувачки активности, кои овозможуваат практична работа.
Нашите предности
- Современи лаборатории
- Квалитетна настава и истражување
- Модерна технологија
- Соработка со индустријата
- Меѓународни проекти и мобилност
Контактирајте нè
Доколку имате прашање во врска со студиските програми, соработка со индустријата, истражувачки проекти или академски активности, слободно обратете ни се преку формата подолу.
Научи повеќе
Најчесто поставувани прашања
Факултетот нуди додипломски, постдипломски и докторски студии во областа на хемиското, технолошкото, материјалното и металуршкото инженерство, усогласени со европските образовни стандарди.
Да. Студиските програми вклучуваат лабораториски вежби, практична настава и стручни пракси во соработка со домашни и меѓународни компании.
Компаниите можат да соработуваат преку заеднички истражувачки проекти, студентски пракси, обуки и развој на иновативни технолошки решенија.
Да. Факултетот активно учествува во програми како Erasmus+, билатерални соработки и меѓународни научни проекти.
Сите информации за упис, рокови и потребна документација се достапни на веб-страницата или преку контакт формата.
